Тоти стана светец во реклама за серија

Франческо Тоти е главниот лик во рекламата за новата сезона од италијанската серија „Romolo + Giuly: La guerra mondiale italiana“ каде тој го глуми светецот Сан Пупоне.

Комедијата почна да се емитува пред една година и стана вистински хит во Италија, па 16-ти ќе почне емитувањето на втората сезона. Приказната е за две моќни фамилии од Рим кои се караат помеѓу себе поради љубовната врска на нивните син и ќерка, Ромоло и Џули.

За Тоти ова не е прво појавување во реклама, досега веќе има огромно искуство.