Фудбал

Тоти стана фудбалски менаџер, првиот клиент му е од Интер

10. декември 2019 - 22:17 | Б.С.Б.

Италијанските медиуми објавија дека легендарниот Франческо Тоти стана фудбалерски менаџер, а негов прв клиент е напаѓачот на Интер, Себастијано Еспозито.

17-годишниот Еспозито одигра три натпревари оваа сезона во Серија А за екипата на Антонио Конте и важи за еден од најдобрите млади играчи.

Тоти неодамна одлучи да се бави со менаџерство, а негов партнер на почетокот му е Stellar Group, една од најголемите светски агенции.

Според пишувањето на Corriere dello Sport, Себастијано Еспозито ќе стане првиот клиент на Тоти, а неговата соработка нема да влијае на неговата иднина во клубот со оглед на тоа дека се планира овој млад играч да добие нов договор.