Топ 10 најследени Instagram профили, првото место изненади многумина

Речиси и да нема личност која нема профил на социјалната мрежа Instagram, а по бројот на следбеници предничат јавните личности и познатите од сите сфери.

Instagram е социјална мрежа за споделување фотографии и видеа, денес во сопственост на американската компанија Meta. Апликацијата им овозможува на корисниците да поставуваат содржини што може да се уредуваат со филтри и да се организираат со хаштагови и географски ознаки.

Објавите може да се споделат јавно или со претходно одобрени следбеници. Корисниците можат да ја прелистуваат содржината на другите корисници по ознака и локација, да гледаат трендовски содржини како фотографии и да следат други корисници.

Ова е листата на 10-те профили на Instagram кои имата најмногу следбеници:

Клои Кардашијан

Трите сестри Кардашијан се во првите десет најследени профили на Instagram, а Клои е на 10-тото место. Таа има 295 милиони следбеници на оваа социјална мрежа и сѐ уште е многу далеку од нејзините две уште популарни сестри.

Бијонсе

Веднаш пред Клои е популарната пејачка Бијонсе. Таа е позната по својата уметност, а со своите вокални способности ги поместува границите. Сепак, тоа не ѝ помогна да биде најследена на популарната социјална мрежа. Нејзиниот профил на Instagram е 9-ти најследен со 297 милиони следбеници.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Beyoncé (@beyonce)

Ким Кардашијан

На осмото место се најде најпознатата сестра Кардашијан. Таа прва го привлече медиумското внимание како пријателка и стилистка на Парис Хилтон, а потоа стана риалити ѕвезда.

Иако е најпознатата Кардашијан, судејќи според статистиката, не е најпопуларна. 346 милиони луѓе ја следат Ким на Instagram.

Ариана Гранде

Во февруари 2019 година, популарната пејачка Ариана Гранде беше најследената женска личност на оваа социјална мрежа. Потоа ја претекнаа Кајли Џенер и Селена Гомес.

Американската актерка и поп ѕвезда ја надмина дури и риалити кралицата Ким Кардашијан, а на Instagram ја следат 357 милиони луѓе.

Двејн Џонсон

Двејн Џонсон, познат и како Карпата, е американски актер и поранешен професионален борач. Популарниот The Rock го зазеде шестото место на листата на најследени профили на Instagram. Тој може да се пофали со 365 милиони следбеници и титулата единствен актер на оваа листа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Dwayne Johnson (@therock)

Кајли Џенер

Кајли Џенер, козметичкиот магнат и риалити ѕвезда, стана првата жена во светот која достигна 300 милиони следбеници на социјалната мрежа Instagram и до неодамна беше најследената жена на оваа мрежа. Сепак, со 380 милиони следбеници, Кајли и понатаму е најследената Кардашијан.

 

Селена Гомес

Кајли Џенер ја загуби титулата за најследена жена на Instagram. Нејзиниот трон го презеде пејачката и актерка Селена Гомес.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)

Таа моментално има 381 милион следбеници, а Кајли 380 милиони. Селена во 2019 година беше најследена на споменатата социјална мрежа. Потоа беше претекната од Ариана Гранде, па и од Кајли. Сепак, успеа да се врати на врвот.

Лионел Меси

Лео Меси, иако не е најследената личност на Instagram, ја има најпопуларната објава на сите времиња. Сепак, тој е роден да руши рекорди, па собори еден и на социјалните мрежи.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Leo Messi (@leomessi)

Имено, по освојувањето на Светското првенство во Катар, Меси објави 10 фотографии од прославата на чело со веќе иконската слика како го крева пехарот над публиката. Таа објава достигна повеќе од 75 милиони лајкови и го престигна популарното јајце.

Сепак, Instagram профилот на славниот фудбалер се најде на третото место на листата на најследени профили. Него го следат 432 милиони луѓе, а пред него има само два профила.

Кристијано Роналдо

Славниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо неодамна собори уште еден рекорд. Имено, со 550 милиони следбеници стана најследената личност на Instagram.

Роналдо, според некои проценки, само од Instagram и соработка со модни и спортски брендови заработува околу 2,3 милиони долари по платена објава.

Instagram

Многумина не би очекувале дека на првото место на оваа листа не е ниту една позната личност, туку профилот на самиот Instagram. Instagram на својот профил ги забавува своите 607 милиони следбеници со различни забавни содржини кои се објавуваат.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Instagram (@instagram)

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Живот

Направи магија вредна 500.000 денари

Read more

Колку најмалку треба да спиеме за да го „преживееме денот“?

Read more

Кога работниците најчесто лажат дека се болни?

Read more

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more
 

Магазин

Направи магија вредна 500.000 денари

Читај повеќе

Колку најмалку треба да спиеме за да го „преживееме денот“?

Читај повеќе

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Читај повеќе

Кога работниците најчесто лажат дека се болни?

Читај повеќе

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Читај повеќе

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе