Во првата половина од 2019 година ширум светот беа продадени 4,1% помалку SUV возила во споредба со истиот период во 2018 година, а најбарани беа моделите на јапонските производители.
Најпродаван SUV модел во првите шест месеци од годинава беше Toyota RAV4 со 441.581 испорачани примероци и раст од 8,4%, објави сајтот focus2move.com.
На второ место е моделот CR-V на Hondа што им беше испорачан на 381.464 купувачи (со раст од 15,5%), додека трет е Volkswagen Tiguan со 370.694 продадени возила и пад на продажбата од 10,7%.
Четврти и петти се модели на корејски брендови - Hyundai Tucson (255.048 примероци; -10,3%) и Kia Sportage (243.448 примероци; +1,8%).
Вака изгледа топ 10 на најпродаваните SUV модели во првите шест месеци од 2019 година:
1. Toyota RAV4 - 441.581 продаден примерок
2. Honda CR-V - 381.464 продадени примероци
3. Volkswagen Tiguan - 370.694 продадени примероци
4. Hyundai Tucson - 255.048 продадени примероци
5. Kia Sportage - 243.448 продадени примероци
6. Nissan Qashqai - 239.624 продадени примероци
7. Chevrolet Equinox - 219.530 продадени примероци
8. Mazda CX-5 - 217.385 продадени примероци
9. Nissan Rogue* - 195.800 продадени примероци
10. Mercedes GLC - 190.678 продадени примероци.
*Треба да се напомене дека во составувањето на листата, сајтот focus2move.com ги раздвои Nissan Rogue (на 9. место) и Nissan X-Trail (11. место), кои се всушност ист модел со различни ознаки за различни светски пазари. Кога би се разгледувале заедно, моделот Nissan Rogue/X-Trail би го зазел третото место на листата најпродавани SUV досега во 2019 година.