Титан е формиран од истите сили кои ја обликувале и Земјата

Најголемата месечина на Сатурн има многу езера, планини и дини, а неговата површина е креирана од истите сили кои ја обликувале и Земјата, се резултатите од ново истражување.

Научници од Технолошкиот институт во Калифорнија открија дека видливата надворешност на Титан е геолошки една од најразноликите во Сончевиот Систем.

„Покрај разликите во материјалите, температурите и гравитационите полиња меѓу Земјата и Титан, многу обележја од нивните површини се слични и може да се интерпретираат како производ од истите геолошки процеси“, објавија научниците во списанието Nature Astronomy.

Со помош на радар и податоци собрани од сондата Cassini, која се урна на Сатурн во  2017 година, научниците успеаја да пополнат многу празнини во мапирањето на Титан, оддалечен околу 1,2 милијарди километри од Земјата.

Езерата и дините на Титан се со релативно младо потекло додека планинските предели се постари. Површината на Титан е обликувана со акумулација и ерозија на седименти и покажува јасни латитудални варијанти, со дини на екватор, висорамнини на средните земјописни ширини и езера на половите.

Исто како и во случајот со Земјата, површината на Титан е избраздена со кратери, ерозија, движење на тектонски плочи и можни вулкански активности.

„Титан, освен Земјата, е единственото познато небесно тело со течни површини“, вели Алис Ле Гал, дел од научниот тим.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе