Threads стигна до 100 милиони претплатници, но колкумина навистина ја користат апликацијата?

Помина една недела откако Meta ја лансираше својата нова апликација Threads на глобално ниво.

Веќе првиот ден, Threads забележа рекордни 70 милиони регистрации на корисници, додека по пет дена имаше повеќе од 100 милиони. Седум дена по лансирањето, апликацијата има над 109 милиони регистрирани корисници, како што проценува QuiverQuant.

Доколку растот продолжи со ова темпо, бројот на регистрации на корисници би можел да надмине 200 милиони пред крајот на следната недела.

Сепак, во пресрет на овој голем успех, останува нејасно колку корисници на Threads се постојано активни на платформата. Meta не можеше да ја потврди оваа информација.

Ова го наметнува прашањето дали Threads е навистина „убиецот“ на Twitter како што многумина го опишуваат или овој успех е краткотраен.

Забележано е дека некои корисници ја напуштаат платформата и се враќаат на Twitter набргу откако создале сметка на Threads. Ова им создаде проблем - тие не можат да ги затворат своите нови сметки на Threads освен ако не се подготвени да ги жртвуваат своите профили на Instagram во исто време.

Причината е што двете платформи се испреплетени - постоечкиот профил на Instagram се користи за креирање на сметка на Threads, а Meta сè уште нема развиено метод за нивно раздвојување.

Threads е најбрзата апликација која допре до првите 100 милиони корисници. Така, на Twitter му требаа пет години за ова достигнување, на Facebook му беа потребни четири и пол години, а на WhatsApp три години.

Instagram стигна до своите први 100 милиони корисници по две ипол години лансирање, додека ChatGPT успеа да го стори тоа по два месеци.

Тагови
реклама

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Интернет

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Read more

Готово е: Од денеска само X

Read more

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Read more

TikTok ја тужи Белата куќа: Си го кршат сопствениот устав, ќе замолкнат 170 милиони Американци

Read more
 

Гик

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе