Тестот за коронавирус на претседателот на СДСМ Зоран Заев е негативен, информира Министерството за здравство непосредно пред почнувањето на прес-конференцијата.
Министерот за здравство Венко Филипче се очекува да го одржи редовниот брифинг на кој ќе извести за состојбата и актуелните прашања со COVID-19 во земјава.