Американскиот произведувач, во јуни, на клиентите во САД им испорача нешто повеќе од 6.000 примероци од Model 3, за во јули да дојде до бројка од рекордни 14.250 испорачани возила, а во август рекордот во продажба повторно е срушен.
Напорите на луѓето од компанијата Tesla, со цел да се зголеми производството на нивниот најнов модел вродија со плод, па во август се испорачани 17.800 примероци од Model 3.
Ова не само што е најдобриот месечен резултат за продажба на Tesla во САД, туку ова значи и најголем број на продадени возила на некој електричен модел во еден месец, во оваа земја.
Ако погледнеме од почетокот на годината до денеска се испорачани вкупно 55.882 примероци од Model 3, што е најголемата продажба на некој автомобил на струја, во рамките на една календарска година.
Претходен најдобар резултат во продажба оствари Nissan, кој во 2014 година вкупно продаде 30.200 електрични автомобили Leaf.
Model 3 на Tesla ќе го подобри сопствениот рекорд, во однос на тоа дека до крајот на годината останаа уште четири месеци.
Во август освен 17.800 примероци Model 3, продадени се уште и 2.62 лимузини Model S и 2.750 единици од кросоверот Model X.