Компанијата Radio Flyer направи мини верзија на Tesla Model S, намената за најмладите обожаватели на автомобили, пишува The Verge.
Моделот за деца во САД чини 500 долари, а е наменет за деца на возраст од 3 до 8 години. Исто како и вистинскиот модел, оваа играчка има свои специфичности по кои се разликува од останатите слични играчки.
Опремена е со батерии кои се полнат трипати побрзо од оние во сличните играчки за деца.
Малиот автомобил ќе биде достапен во три бои, исто како автентичниот Tesla S Model.
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=TGom8Y5wAow]