Татковците се вистинските херои во новата реклама на Dove
Козметичката компанија Dove ја објави својата најнова реклама по повод американскиот Ден на татковците. Рекламата е компилацијата од видео клипови од убави моменти помеѓу татковци и нивните деца, направени од вистински луѓе. Овие спонтани, луди и среќни моменти доловени на видеа, ја покажуваат прекрасната врска помеѓу децата и татковците, кои се вистинските херои на денот.