Филм & ТВ

Тарантино откри дали ќе го режира новиот „Star Trek“ филм

15. јануари 2020 - 14:22 | Б.С.Б.

Минатата година во Холивуд се зборуваше дека Квентин Тарантино ќе го режира новиот „Star Trek“ филм, меѓутоа дали е тоа вистина?

Изгледа дека не е бидејќи Тарантино за Deadline изјави дека Sony ќе го продуцира новиот „Star Trek“ филм чие сценарио го напиша Марк Л. Смит, но дека најверојатно тој нема да го режира.

Додаде и дека би сакал да им даде насоки кои би придонеле за овој проект.

„Верувам дека можеби ќе го направат тој филм, но мислам дека јас нема да го режирам. Мислам дека е тоа добра идеја. Би требало да го направат, а јас ќе бидам повеќе од среќен да им предложам одредени насоки кои можеби ќе им помогнат“, вели славниот режисер.

Ова воопшто не е изненадување бидејќи Тарантино минатиот месец на медиумите им даде до знаење дека полека го напушта овој проект. Тој истакна дека по ова прашање не се сретнал со претставници од Sony.

Неговиот филм „Once Upon А Time… in Hollywood“ доби 10 номинации за Оскари, меѓу нив се номинациите за Најдобар филм, Најдобар режисер, Најдобар актер и Најдобра споредна машка улога.

Тарантино вели дека сака да направи барем уште еден филм во иднина.