МК сцена

Тамара откажа настапи по дебаклот со химната: Ова е вистински пекол за мене и моето семејство

5. јули 2019 - 20:14 | А.С.

Пејачката Тамара Тодевска се огласи на социјалните мрежи за да соопшти дека ги откажува концертите во Прилеп и Охрид, по дебаклот што настана по нејзиното изведување на македонската химна во Американската амбасада по повод Денот на независноста на САД, 4 Јули.

Нејзиното соопштение ви го пренесуваме во целост:

„Почитувани, очигледната ненамерна грешка при пеењето на химната прерасна во вистински пекол за мене и моето семејство. Со оглед на тоа што не сакам да придонесувам за зголемување на нашата агонија како семејство и во интерес на смирување на целата ситуација која излезе вон контрола, решив да ги откажам концертите во Прилеп и Охрид. Се надевам дека оваа моја грешка, повторувам грешка, ќе успеете да ја надминете и дека ќе најдете начин да разберете дека е повеќе од ненамерна. Би сакала да се заблагодарам на сите што беа покрај мене во овие тешки мигови. Ниту сум била ниту ќе бидам дел од нечии политички игри, моето семејство е мој број еден приоритет и нивниот мир е на прво место при секој избор.

Со почит, Ваша Тамара“.