Филм & ТВ

Суперхеројски филмови што доаѓаат во 2017 година

29. декември 2016 - 13:55 | И.М.

Следната година ќе биде година за големи и високобуџетни блокбастери, кои очекуваме да заработат добра сума на пари. Голем дел од блокбастерите ќе бидат суперхеројските филмови, а кои се најочекуваните прочитајте на листата на Business Insider.

„The LEGO Batman Movie" (20 февруари)

Спиноф на „The LEGO Movie“ ќе фокусира на Темниот витез и неговиот помошник Робин, а ќе ги видиме и доброшпознатите негативци од универзумот на Бетмен. Гласовите ги позајмуваат Вил Арнет, Мајкл Сера, Росарио Досон, Зек Галифианакис и други.

„Logan“ (3 март)

Хју Џекман се враќа за последен пат како Вулверин во „Logan“, во кој овој херој во постари години, заедно со Професорот Ксавиер ќе штитат млад женски клон на Логан.

„Power Rangers“ (24 март)

Добропознатите херои се враќаат со модерен филм, во кој ќе добијат супермоќи, иако оригинално имаа моќи само кога ќе ги облечат костумите. Елизабет Бенкс ќе ја видиме во улогата на главниот негативец во филмот, Рита Реплуса.

„Guardians of the Galaxy Vol. 2“ (5 мај)

Чуварите на галаксијата се враќаат во продолжението на популарниот филм, во кое ќе ги видиме Крис Прет, Зои Салдана, Бредли Купер, Вин Дизел, Дејв Батиста и Курт Расел како таткото на Star Lord, a ќе се појави на кратко и Силвестер Сталоне.

„Wonder Woman“ (2 јуни)

Познатата суперхероина на DC стриповите, глумена од Гал Гадот, ја видовме прв пат во „Batman v Superman“. Сега таа добива свој филм, кој ќе ни ги каже почетоците на Дијана и нејзиното стапнуваше во „машкиот свет“, влијаено од пилотот и симпатија на хероината, Скот Тревор (Крис Пајн).

„Spider-Man: Homecoming“ (7 јули)

Спајдермен се враќа повторно на големото платно со нов млад актер, кого го запознавме во „Civil War“. Филмот ќе се фокусира на почетоците на овој херој и тинејџерството на Питер Паркер. Во филмот ќе ги видиме Мајкл Китон како главниот негативец, а ќе се појави и Iron Man (Роберт Дауни Џуниор).

„Valerian and City of a Thousand Planets“ (21 јули)

Адаптацијата на истоимениот француски стрип од 60-тите, режиран од Лук Бесон (The Fifth Element, Léon: The Professional, The Transporter, Lucy, Taken) ни доаѓа во екот на летото. Во „Valerian and City of a Thousand Planets“ Валеријан (Дејн Дехан) и Лорелајн (Кара Делавин) се специјални владини кои имаат за задача да го одржуваат редот и мирот во универзумот, ќе ја добијат задачата да ја спасат нашата раса од опасноста што се заканува. Во филмот ќе ја видиме и Ријана, која што ќе има помала улога на вонземска стриптизерка.

„Thor: Ragnarok“ (3 ноември)

Третиот филм за херојот Тор, конечно ќе ни покаже што се случуваше со него, со оглед на тоа дека не го видовме во „Civil War“. Крис Хемсворт ќе го бара својот татко Один (Ентони Хопкинс), а најверојатно ќе се соочи и со Локи (Том Хидлстон). На нив ќе им се придружат Џеф Голдблум, Карл Урбан, Кејт Бланшет како злобната божица Хела и Марк Рафало како Халк.

„Justice League“ (17 ноември)

Годината ќе ја заокружи „Justice League“ - одговорот на DC на Марвеловите „Одмазници“. Настаните ќе бидат продолжение од „Batman v Superman“, а филмот ќе ги соедини Супермен (Хенри Кавил), Бетмен (Бен Афлек), Wonder Woman (Гал Гадот), Аквамен (Џејсон Мамоа), Флеш (Езра Милер) и Сајборг (Реј Фишер).