Студентската реклама што ја изигнорира Adidas стана вирален хит
Еугер Мерхер, 26- годишен студент на филмска академија, самоиницијативно направи мотивирачко и емотивнo видео што вклучува патики Adidas - одлична бесплатна реклама за овој бренд.
Иако младиот режисер најпрво го испратил видеото кај маркетинг тимот од Adidas, тие го изигнорирале и не добил никаков одговор. По ова решил да го постави видеото на Youtube, каде набрзо стана вирален хит.
Рекламата се фокусира на поранешен германски маратонец, кој своите пензионерски денови ги поминува во дом за стари лица. Тој е несреќен, сè додека не најде стари Adidas патики и ќе реши да ја оживее активноста од младоста и да отиде на трчање. Што се случува понатаму, дознајте во видеото.