Стресот може да има позитивно влијание врз нашето здравје

Стресот стана најголемата болест во 21. век затоа што предизвикува сериозни проблеми на менталното здравје.

Но, стресот може да има и неколку придобвки за вашето здравје.

Психолозите сакаат да ни укажат на тоа дека некој вид на стрес може да биде добар, здрав и продуктивен.

Овој вид е познат како eustress и без него, нашиот живот може да биде здодевен и бесмислен.

„Постои перцепција дека стресот секогаш е лош за здравјето на мозокот, но тоа не е точно. Вашиот стрес е клучен за вашиот опстанок: го подобрува начинот на кој работите, важен е за иднината и ве подготвува да се прилагодите за предизвиците кои се пред вас, вели невропсихологот од Универзитетот во Калифорнија“, Даниела Кауфер.

„Стресот на некој начин е адреналин кој ги мотивира луѓето“, наведува таа.

Кауфер пронашла физиолошки докази за моќта на позитивниот стрес. 

Во експериментот кој го спровела таа, невроните се активираат селективно и помагаат во подготовката за следната стресна ситуација. Значи, во тој момент сте подобро подготвени доколку некогаш повторно ќе се најдете во стресна ситуација.

Стресот е врзан за индивидуалноста

Доколку личноста процени дека финансиската криза е добра можност за нов почеток или нов бизнис, тогаш ваквиот стрес може да биде позитивен. Позитивниот стрес ќе ве мотивира да работите под притисок и да успеете во намерата.

Искуството е важно

Луѓето коишто претрпуваат позитивен стрес во текот на нивниот живот развиваат внатрешни одбранбени механизми, способност и начин да се ослободат од стресот. Кога ќе се најдат во стресна ситуација, ги активираат тие механизми и благодарение на поранешното искуство имаат доверба во себе дека ќе се справат со ситуацијата во којашто се нашле.

реклама

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе