Филм & ТВ

Страшниот кловн се враќа: Прв поглед на новиот „It“

14. јули 2016 - 10:46 | И.М.

Кога се зборува за страв од кловнови, сигурно ви текнува на Пенивајз - морничавиот кловн од филмот базиран на хорор новелата „It“ на Стивен Кинг. Па можеби ќе ве израдува или пак исплаши веста дека се работи на нова филмска адаптација.

Страшниот клов кој беше протагонистот на многу детски кошмари, се враќа во нов, овој пат повисокобуџетен филм, со Бил Скарсгард во титуларната улога. Објавен е прв поглед на новиот филм, а на фотографијата го гледаме синот на Стелан и братот на Александер, во улога на Пенивајз.

Режисер на најновата адаптација на приказната за страшниот клов е Андре Мушиети. Филмот е во почетна фаза на продукција, а треба да излезе во септември следната година.

За потсетување, погледнете го трејлер за телевизискиот филм/минисерија од две епизоди од 1990 година, каде Тим Кури ја глумеше главната улога:

Loading the player...