Хроника

Сто дневни глоби казна за гостиварец за непочитување на полицискиот час

25. март 2020 - 14:15 | МИА

Скопје, 25 март 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог за лице кое вечерта на 24 март, по 21часот управувало со патничко моторно возило по улиците на Гостивар, во период кога е на сила забраната за движење, информираат од Јавното обвинителство.

– Со тоа, обвинетиот за време на епидемијата на опасна болест Covid-19 не постапил според прописите и упатствата со кои беа определени мерки за сузбивање и спречување на коронавирусот и го сторил кривичното дело „непостапување според здравстевни прописи во време на епидемија“, велат од Обвинителството во Гостивар.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар предложи на судот, на обвинетиот за стореното кривично дело да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби.​