Статистиката покажува крај за триото Бејл - Бензема - Роналдо

Мадрид, 19 април 2018 (МИА) - Далеку во минатото останаа уверувањата на Зинедин Зидан дека офанзивното трио на Реал Мадрид Карим Бензема - Герет Бејл - Кристијано Роналдо секогаш ќе биде на теренот од првата минута на натпреварот, сѐ додека тројцата се здрави и во форма.

Сега, кога ниту еден од триото не е повреден, францускиот тренер прибегнува кон други партнерства во нападот на тимот, забележуваат од „АС“.

Присуството на триото во стартните 11 на Зидан се намалува, откако тој го презеде тимот во јануари 2016 година.

Во својата прва сезона тој го користеше триото во девет од 27-те (33%) средби на тимот. Во следната кампања процентот се намалува на 26 (16 од 60 натпревари). По сите казни и повреди на Роналдо, Бејл и Бензема, како и ротациите со Иско, Маркос Асенсио и Лукас Васкез, во 2017/18 „BBC“ започна заедно во само четири од 53 дуели или едвај 7,5 отсто од средбите на Реал.

Дури и да не се ограничуваме до местата во стартниот состав, тројцата повторно немаат поминато многу време заедно на теренот во оваа сезона - само 370 минути од 4.770 можни. Интересно е дека првиот таков случај дојде дури во 20. круг на Ла Лига во натпреварот против Депортиво Ла Коруња кога Бензема влезе во игра во 64-тата минута, а Португалецот и Велшанецот играа од почетокот на натпреварот.

Во наредниот 21. круг, на „Местаља“ против Валенсија, тројцата првпат беа заедно од првата минута на натпреварот што се повтори недела подоцна против Леванте. Сепак, дури во 25-тиот круг Роналдо, Бејл и Французинот останаа на теренот во текот на сите 90 минути - против Алавеш на „Сантијаго Бернабеу“. Последната нивна средба како носители беше против Хетафе (27-ми круг), а од 29-тиот круг (против Жирона) наваму, триото не било ниту една минута заедно на теренот.

 Така беше и синоќа против Атлетик Билбао, кога Бејл го замени Бензема.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе