Среќен роденден, Ријана

Позната пејачка Робин Ријана Фенти, попозната како Ријана, е родена на 20 февруари 1988 во Сент Мајкл, Барбадос. До нејзината шеснаесетта година живее во Барбадос, потоа се преселува во САД за да изгради музичка кариера, заедно со продуцентот Ивен Роџерс. Потпишува договор со Def Jam Recordings по аудицијата со тогашниот сопственик Џеј-Зи.

Ријана има продадено повеќе од 28 милиони албуми и 100 милиони песни на светско ниво, што ја прави еден од најпродаваните музички артисти на сите времиња. Има над милијарда прегледи на нејзините видеа на YouTube, со што стана четвртиот изведувач кој го достигнa тоа. Добитник е на четири Греми награди, четири Американски музички награди и 15 Билборд музички награди. Таа е еден од културните амбасадори на Барбадос.

Денеска Ријана полни 32 години.