Среќен роденден, Ева Мендес

Ева Мендес е позната американска актерка со кубанско потекло. Родена е на 5 март 1974 година и денеска полни 46 години. Актерската кариера ја започна во доцните деведесетти години на 20 век, со улоги во филмови како „Children of the Corn V: Fields of Terror“ (1998) и „Urban Legends: Final Cut“ (2000).

Изведбата во „Training Day“ (2001) направи пресврт во нејзината кариера и тоа ја доведе да толкува улоги во комерцијално успешни филмови како „2 Fast 2 Furious“ (2003) и „Hitch“ (2005). Потоа имаше улоги во „Ghost Rider“ (2007) и „The Spirit“ (2008), филмски адаптации на стрипови.

Останати препознатливи улоги има во „We Own the Night“, „Bad Lieutenant“, „Last Night“, „The Place Beyond the Pines“, „Out of Time“, „The Women“, „The Other Guys“, „Girl in Progress“ и други.

Во врска е со актерот Рајан Гослинг со кого се запозна на снимањето на филмот „The Place Beyond the Pines“, во кој двајцата имаа улоги. Парот има две ќерки, Есмералда родена во септември 2014 година и Амада, родена во април 2016 година.