Среќен роденден, Единсон Кавани

Уругвајскиот фудбалер Единсон Кавани денеска полни 33 години. Роден е на 14 февруари 1987 година во Салто, Уругвај. Има двајца постари браќа кои исто така се професионални фудбалери.

Кавани беше во брак со Марија Соледад Кабрис со која има два сина. Парот се разведе во 2013 година, по две години разделба. Во 2019 година стана татко по трет пат, неговата девојка Џоселин Бургарт роди ќерка.

Кариерата ја започна во Данубио, а по две години продолжи во Палермо. Има играно за Наполи, а веќе 5 години е дел од ПСЖ.