Среќен роденден, Џон Траволта

На денешен ден, пред 66 години е роден познатиот актер Џон Траволта, познат по улогите во „Saturday Night Fever“, „Grease“, „Pulp Fiction“, „Face/Off“, „Hairspray“ и други.

Добитник е на многу награди и филмски признанија како Златен глобус за најдобар актер за неговата изведба во „Get Shorty“ и за истиот филм ја има добиено наградата за најсмешен актер од American Comedy Award.

Двапати е номиниран за Оскар за најдобар актер и тоа за филмовите „Saturday Night Fever“ (1978) и „Pulp Fiction“ (1995).

Во брак е со актерката Кели Престон со која имаше три деца, најстариот син Џет почина во 2009 година додека семејството беше на божиќен одмор на Бахами. Во сеќавање на синот Траволта основа фондација, непрофитна организација кои им помага на децата со посебни потреби.