Срце си што не возиш пијан

Срце си што не возиш  пијан. Среќен празник. Вози одговорно! – е пораката со која Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата го честита празникот на љубовта и виното, Св. Валентин и Св.Трифун. 

Празниците се денови кога треба да застанете за момент, да одморите и да размислите за себе и за своите најблиски, да размислите за предизвиците, за можностите, за убавините кои ги носи животот.  Празниците се време да размислете  што ви нуди љубовта, што е тоа што Ве прави среќни и задоволни, да размислите за тоа како треба да живеете, кои се вашите добри и лоши навики и како да продолжите понатаму во животот.

Согласно тоа, а по повод  празниците Св. Валентин или Св.Трифун, РСБСП уште еднаш потсетува: Радувајте му се на животот, уживајте во сите убави работи што ги носи животот. Не дозволувајте сообраќајна незгода,  момент на невнимание и непромисленост, лоша навика  или лоша одлука да ги уништи, скрати или промени сите ваши соништа и сите ваши очекувања за животот.

За жал, статистиката говори дека сообраќајните незгоди се секојдневна закана за животот и здравјето на младите лица. Во просек, 25 проценти од сообраќајните незгоди со потешки последици се предизвикани од млади лица на возраст до 29 години, додека околу 30 проценти од вкупно настраданите лица во сообраќајни незгоди се млади лица на возраст до 29 години.

Сообраќајните незгоди се причина број еден за смртност на младите лица на возраст  од 15 до 19 години. 

Статистичките податоци покажуваат дека на светско ниво, секоја година околу 400.000 млади луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди или дневно се губат околу 1.100  млади животи на патиштата ширум светот.  Една од водечките причини за ваквата состојба е возењето под дејство на алкохол.

Св. Валентин или  Св.Трифун,  се  празници од кои сите, а особено  младите може да  извлечат убави пораки и убави поуки како што е вербата во љубовта, вербата и почитта кон животот и кон сите убави нешта кои  ги носи животот со себе.

Согласно тоа, а по повод празниците Св. Валентин или  Св.Трифун  РСБСП ги повикува  младите да си го честитаат празникот на виното и љубовта со емотивни и едукативни пораки и совети : 

Срце си што не возиш пијан. Среќен празник. Вози одговорно!

Срце си што возиш безбедно. Среќен празник. Вози одговорно!

Срце си што ги почитуваш сообраќајните правила. Среќен празник. Вози одговорно!

Срце си што ги почитуваш сите учесници во сообраќајот. Среќен празник. Вози одговорно!

Срци си што  користиш сигурносен појас! Среќен празник!

РСБСП:  Среќен, Св. Валентин или  Св.Трифун ! Вози одговорно!

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Живот

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Венеција почнува да наплаќа за влез – казни за оние кои ќе се прават „наудрени“

Read more

Три фрази што ги користат луѓето кои имаат силна ментална отпорност

Read more
 

Магазин

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Читај повеќе

Венеција почнува да наплаќа за влез – казни за оние кои ќе се прават „наудрени“

Читај повеќе

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Читај повеќе

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Читај повеќе

Три фрази што ги користат луѓето кои имаат силна ментална отпорност

Читај повеќе

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Читај повеќе
  • play_arrow

Ја нарекуваат девојката со најубави очи: Се прослави благодарение на фотограф

Читај повеќе