Хроника

Србинка нападната пред ноќен клуб во Скопје

15. април 2019 - 15:43 | МИА

Државјанка на Република Србија пријавила физички напад од неколку лица.

На 14.04.2019 година во 12.00 часот во Полициската станица Центар, Т.С.(19) од Република Србија, со живеалиште во Скопје, пријавила дека истиот ден околу 03.30 часот пред ноќен клуб на улица „Димитрие Чуповски“ била физички нападната од неколку женски лица.

Се работи на целосно расчистување на случајот.