КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА ЕУРО 2020

Спировски: Во четврток е натпреварот на нашите кариери

Филип Здравески
/ 06.10.2020 / 14:26

Играчот од средниот ред на македонската репрезентација е оптимист во пресрет на баражот против Косово, но ја напоменува и важноста на овој натпревар оквалификувајќи го како веројатно најважниот во кариерите на сите кои се во составот.

Потребна е победа против Косово кој е првата од двете пречки на Македонија до Европското првенство. Победа в четврток нѐ носи во финалниот бараж против Грузија или Белорусија во ноември.

„Од моја гледна точка можеби еден од најважните натпревари во мојата кариера. Национален дрес, Европско првенство... ќе играме без публика, но ако направиме добар резултат мислам дека имаме големи шанси да играме на ЕУРО“, вели Стефан додека неговите колеги од репрезентацијата тренираа денеска на стадионот „Петар Милошевски“ кај седиштето на ФФМ.

Кои се предностите на репрезентацијата на Македонија?

„Поквалитетен тим, според мене, домашен терен и... не знам што повеќе би додал... борба, тоа не е предност, но треба да дадеме сѐ од себе. Како што кажав: еден од најважните натпревари“.

Што значи доаѓањето на Горав Пандев за националниот тим?

„Па знаеме што е Горан Пандев за македонската репрезентација. Тој е лидер, капитен, најдобар играч... само суперлативи за Горан Пандев. Тој ќе значи многу на овој натпревар и треба да го искористиме“.

„Најважен натпревар на кариерите - тоа е. Не знам друго што, да го чекаме осми и да покажеме на терен, како што слушам јас, дека сме биле фаворити. Треба да го покажеме тоа на терен, да го искористиме домашниот терен и да ги израдуваме навивачите“, заврши Стефан.

реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Фудбал

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Read more

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Read more

Тони Крос објави крај на кариерата

Read more

Захов: Кога дојдов во Воска газдата ми рече да им го донесам куп пехарот

Read more
 

Спорт

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Читај повеќе

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Читај повеќе

Тони Крос објави крај на кариерата

Читај повеќе

Захов: Кога дојдов во Воска газдата ми рече да им го донесам куп пехарот

Читај повеќе

Вареловски: Не можете да замислите што ќе биде во Кавадарци ако се вратиме со пехарот

Читај повеќе

Иван Чупиќ ја заврши кариерата

Читај повеќе

Контроверзниот Кирјос сака да се проба во бокс, веќе има список со противници

Читај повеќе

Мбапе се прости од ПСЖ, на вечерата дојде и Макрон

Читај повеќе

Како Лука Модриќ го скрши калапот во фудбалскиот бизнис?

Читај повеќе