Спектакл на повидок: Мејведер го прифати предизвикот на Нурмагомедов

Флојд Мејведер, легендарниот боксер, го прифати предизвикот на Хабиб Нурмагомедов, актуелниот шампион на УФЦ во лесна категорија.

Рускиот борец пред неколку дена го победи Ирецот Конор Мекгрегор со што успеа да ја одбрани титулата најдобар на светот.

Битката помеѓу двајцата УФЦ борци предизвика голема внимание во јавноста, посебно поради тоа што по завршувањето се случи инцидент во публиката.

Откако се смирија страстите, Нурмагомедов повторно го крена светот на нозе, бидејќи го предизвика боксерот Флојд Мејведер, кој е непоразен во 50 борби, од кои 27 ги заврши со нокаут удар.

Сите го чекаа одговорот од Американецот, кој конечно се огласи на Instagram, каде напиша дека телевизиите CBS и Showtime треба да се подготват за пренос, како и хотелот MGM Grand кој треба да им обезбеди сместување.

Исто така напиша дека сите можат да одат на профилот на Леонардо Елербе, каде е објавено видео од тоа како Хабиб го предизвикува Флојд.

На крај само порача - „Да го направиме Лас Вегас повторно голем“.

За потсетување, Флојд веќе боксуваше против УФЦ борецот Конор Мекгрегор и секако победи, откако тој меч се одржа според боксерски правила.

Оваа борба беше позната и како „Money Fight“, бидејќи во игра вкупно беа повеќе до 500 милиони долари.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Останати спортови

Се самоуби тренер обвинет за силување на 15-годишно девојче во САД

Read more

Петер Превц на Планица ја заврши кариерата, од судиите доби оценка 22

Read more

И одбојкарите и одбојкарките ќе играат против Грција за пласман на ЕУРО 2026

Read more

О’Мали ја одбрани титулата во УФЦ

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе