Состојба со COVID-19 во светот

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Бугарија е 624. Тоа го нагласи денеска шефот на Воената медицинска академија и шеф на Националната оперативна канцеларија, генерал мајор Венцислав Мутафчиски.

Новите случаи се 13, во болницата се сместени пет заразени, додека на интензивна нега има 33 пациенти, јави БТА. Инфицираните медицински лица се 33.

Има еден пациент кој е заразен за време на хемотерапија и околностите допрва треба да бидат разјаснети.

Планирано е и да се прецизира причината за смртта на пациент кој почина ноќеска во болница во Софија. Во главниот град има најмногу заразени со новиот коронавирус – 370 случаи.

Тестирањето на луѓето во Банско ќе биде кога ќе пристигнат тестовите и засега уверување на компанијата е дека ќе биде в понеделник или вторник. Се разгледа каде да се тестираат и кој од луѓето ќе биде тестиран.

Германија: За еден ден над 4.100 заразени

Бројот на заразени со новиот коронавирус во Германија се зголеми за 4.155 за еден ден и веќе е 112.348 лица.

Во оваа држава бројот на заразени дневно е околу 4.000.

Регистрирани се 2.292 смртни случаи од коронавирусот, вклучувајќи и 221 за последниот ден.

Епицентарот на епидемијата на коронавирусот во Германија се провинциите Баварија, Северна Рајна-Вестфалија и Баден-Вуртемберг. 

САД: Над 450 илјади заразени, 16.111 починати

САД се приближуваат до бројот половина милион заразени со коронавирусот.

Според референтните податоци од страницата на универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Вашингтон, во САД има 455.445 случаи на Ковид-19 потврдени од 23 јануари, и 16.111 починати.

Во САД вчера беа регистрирани 20.518 нови случаи, и 1.326 смртни случаи само во текот на денот. Досега целосно закрепнале 24.562, 414. 769 се активни случаи, од кои 9. 813 се во критична состојба.

Жариштето на епидемијата на САД е во државата и градот Њујорк, од каде СNN известува дека речиси 20 проценти од полицајците во Њујорк се вон служба заради вирусот, како и 6.022 од тестираните 25.000 вработени во метрото во Њујорк се во карантин, а тестирани се 1.571 позитивни на коронавирусот.

Со одлука на властите во 14 држави заврши оваа учебна година, а за истото се дискутира во Калифорнија, Ајдахо и Јужна Дакота.

Аптеките во Истанбул бесплатно делат заштитни маски

Истанбулската аптекарска комора и турското Министерство за здравство одлучија бесплатно да дистрибуираат маските на граѓаните во Истанбул.

Според турската веб-страница Хаберлер, граѓаните ќе можат да ги подигнат маските во аптеките според кодовите што ќе ги добијат во СМС пораки.

Носењето маска е една од превентивните мерки препорачани од Министерството за здравство со цел да се спречи ширењето на епидемијата на коронавирусот, така што Комората на аптеки одлучи да ги дистрибуира маските бесплатно на жителите на Истанбул, се вели во соопштението на Комората.

Малта веќе нема да прифаќа ниту да спасува мигранти

Малта веќе не може да гарантира спасување на мигрантите или да им дозволи да бидат пренесени на нивна територија за време на вонредната состојба предизвикана од коронавирусот, соопшти Владата на Малта.

Одлуката е донесена затоа што ресурсите на островот се користат за спроведување мерки за стопирање на ширењето на коронавирусот, како и заради ризикот самите мигранти да го носат вирусот.

Најавата доаѓа еден ден откако Италија ги затвори своите пристаништа и наведе дека тие веќе не се безбедни поради пандемијата. 

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Свет

Маж фрли бомба врз Сатанскиот храм во САД

Read more

Жена во Бразил донела мртов маж во банка за да може да подигне кредит

Read more

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Read more

Авионите не можат да полетаат, а метрото е под вода – драматични сцени од поплавениот Дубаи

Read more
 

Вести

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Читај повеќе

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Читај повеќе

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Читај повеќе

Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица го објави својот предизборен спот

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

Читај повеќе

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Читај повеќе

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Читај повеќе

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Читај повеќе