Технологија

Sony ќе лансира ново роботско куче во ноември

24. октомври 2017 - 14:11 | М.Д.

Компанијата Sony развива роботско куче кое ќе го претстави следниот месец, пренесува The Wall Street Journal.

Уредот би можел да биде духовен наследник на AIBO серијата на роботски кучиња, кои Sony ги произведуваше во девеесеттите и почетокот на 2000–тите години.

Новото куче ќе има многу подобри развиени движења, а поддржува и интернет конекција која ќе му овозможи контрола над домашните апарати.

Деталите околу тоа дали ќе го користи името AIBO, како и за неговата цена, засега не се познати.

Претходните роботи чинеа до 2.500 долари.

AIBO линијата на роботски кучиња не доживеа успех, а поранешниот директор на Sony, Хауард Стрингер донесе одлука околу прекинување на производството во 2006 година.