Ниту премиерното прикажување на „The Call of Wild“ со Харисон Форд во главната улога, не успеа да го тргне „Sonic the Hedgehog“ од врвот на бокс-офисот во Северна Америка.
Со заработка од 26,3 милиони долари „Sonic the Hedgehog“ остана на врвот на бокс офисот, како филм со најголема заработка изминатиот викенд. На второто место е премиерата на „The Call of the Wild“, со 24,9 милиони долари.
„Birds of Prey“ е на третото место, со заработка од 7 милиони долари. На четвртото место е „Brahms: The Boy II“, со заработка од 6 милиони долари. „Bad Boys for Life“ е на петтото место, со 5,9 милиони долари.
1. Sonic the Hedgehog – 26,3 милиони долари
2. The Call of the Wild – 25
3. Birds of Prey – 7
4. Brahms: The Boy II – 6
5. Bad Boys for Life – 5,9
6. 1917 – 4,4
7. Fantasy Island – 4,2
8. Parasite – 3,2
9. Jumanji: The Next Level – 3
10. The Photograph – 2,8 милиони долари.