Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се движи од -1 до 10, а дневната највисока температура на воздухот од 22 до 31 степен.
Во Скопје и околината сончево и топло со слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 6 степени, а дневната ќе достигне 28 степени.
Oд недела ќе следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои во вторник ќе бидат проследени со засилен северен ветер и значително спуштање на дневната температура.