Социјалната мрежа X воведува аудио и видео повици

Социјалната мрежа X, порано позната како Twitter, почна да воведува функција која веројатно никој претходно не ја побарал. Станува збор за функции за аудио и видео повици.

Веста не е толку изненадувачка бидејќи извршната директорка Линда Јакарино го потврди доаѓањето на видео повиците во август, а ова е само еден чекор во еволуцијата на X кон тоа да стане „апликација за секого“, токму како што сака сопственикот Илон Маск.

По посетата на X, некои корисници ги пречекува пораката „Audio and Video calls are here!“, која вклучува упатства за користење на новите функции и нивно поставување. Опциите може да се најдат во делот Settings за Direct Messages, а новите функции може да се исклучат. Корисниците кои сакаат да ги имаат достапни може да изберат опција за одобрување повици само од проверени корисници, луѓе од адресарот или само луѓе што ги следат.

X нема најдобри резултати кога станува збор за создавање безбеден простор, особено за малцинските заедници, па нема да биде изненадување ако многу корисници одлучат да ги игнорираат новите функции. Дополнително, нема сите корисници да бидат известени за новата функција, која е стандардно овозможена. Затоа, веројатно е паметен потег за корисниците да проверат дали функцијата е веќе активна и да одлучат дали сакаат да ја задржат или да ја исклучат.

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Интернет

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Read more

Готово е: Од денеска само X

Read more

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Read more

TikTok ја тужи Белата куќа: Си го кршат сопствениот устав, ќе замолкнат 170 милиони Американци

Read more
 

Гик

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Читај повеќе

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе