Со звукот на сирената: Кош на сезоната во НБА лигата
3,1 секунди ги делеа Хорнетс од крајот на сезоната во Торонто. Паскал Сијакам ги истера на другата половина од теренот, а потоа заедно со 19.800 навивачи само немо гледаше како Џереми Лемб го погодува шутот на сезоната во НБА лигата и ги остава Шарлот во трката за плеј-оф.