Свет
ПОРАНЕШНИОТ СОРАБОТНИК НА ЦИА И НСА ПОВТОРНО ЈА БРАНУВА ЈАВНОСТА

Сноуден од Русија: Facebook и Google ги злоупотребуваат луѓето

7. ноември 2019 - 17:57 | А.С.

Едвард Сноуден, еден од најбараните бегалци од САД, се вклучи во програмата на лисабонскиот WebSummit и ги обвини големите IT компании за злоупотреба на своите корисници.

Сноуден, кој доби руски азил откако побегна од САД бидејќи откри државни тајни во врска со шпиунажа и прислушување на граѓаните, се вклучи во живо на WebSummit во Лисабон и ги обвини компаниите како Facebook, Google и Amazon дека ги злоупотребуваат луѓето со начинот на кој работат.

Поранешниот соработник на ЦИА и НСА повторно ја разбранува јавноста со неговите коментари за личните податоци, нивното прибирање и заштита, како и за GDPR моделот, кој е законски акт со највисок статус во ЕУ задолжен за заштита на личните податоци на корисниците, за кој рече дека е „само добар почеток“.

За Amazon, Google и Facebook немаше никакви пофални зборови.

„Има подобрување во поглед на свесноста за проблемите со приватноста и заштитата на личните податоци, но ми се чини дека луѓето се лутат на вистинските луѓе од погрешни причини, без разлика даи зборуваме за поединци или корпорации. Да, овие луѓе се изложени на злоупотреба, особено ако ги  погледнете Google, Amazon или Facebook. Нивниот модел на работење е злоупотреба. А сепак секој дел од нивното работење е легален, ќе ви рече секоја од овие компании. Сеедно е дали зборуваме за  NSA или за Facebook, тоа е проблемот. Тоа е вистинскиот проблем. Го легализиравме и го дозволивме злоупотребувањето на лилноста и личното. Создадовме систем во кој мнозинството е ранливо поради предноста на привилигираните“, рече Сноуден.

„Ако нешто научивме од 2013 година наваму, тоа е дека сѐ кога-тогаш ќе излезе во јавност, вака или онака“, го заврши Сноуден излагањето.