Слушнете ја македонската песна за Евровизија 2020

Објавена е македонската песна која годинава ќе нè претставува на Евровизија. Пејачот Васил Гарванлиев во Ротердам ќе настапи со песната „YOU“.

Музиката е на Невена Нешкоска, македонска композиторка и продуцентка која живее и работи во Чикаго. Текстот е на Невена Нешкоска, Калина Нешкоска и Алис Шредер. Продукцијата и аранжманот е на Невена Нешкоска, Дарко Димитров и на Лазар Цветкоски.

Спотот е во режија на Милена Витман, а продуцент е Јелмаз Дервиши.

Гарванлиев ќе пее на првата полуфинална вечер на 12 мај. Во првото полуфинале ќе пеат и претставниците на Белорусија, Шведска, Литванија, Словенија, Австралија, Ирска, Русија, Норвешка, Кипар, Малта, Израел, Азербејџан, Романија, Белгија и Украина.