Филм & ТВ

Следниот Џејмс Бонд дефинитивно нема да биде жена

17. јануари 2020 - 18:07 | Б.С.Б.

Следниот агент 007 нема да биде жена, изјави продуцентот на новиот Џејмс Бонд филм по повод шпекулациите за тоа кој би можел да го замени Даниел Крег во следниот филм.

51-годишниот актер за последен пат ќе го видиме во улогата на Џејмс Бонд во филмот „No Time to Die“, чија премиера е закажана за април.

Се појавија шпекулации за тоа кој ќе биде негов наследник и дали ќе биде жена, но Барбара Броколи изјави дека дефинитивно ќе биде маж, пренесува Reuters.

„Не сум посебно заинтересирана за тоа да преземам машки лик и да ја дадам таа улога на жена. Мислам дека жените се многу поинтересни од тоа“, вели продуцентката.