Славните блеснаа на црвениот килим во Кан

Вчера официјално започна 72 издание на Филмскиот фестивал во Кан. На отворањето беа присутни многу славни личности, во различни гламурозни изданија.

Највпечатливи беа креациите на Ева Лонгорија, Селена Гомез, Алесандра Амбросио и други славни дами. Иако во филмот „The Dead Don’t Die“ Селена Гомез толкува споредна улога, убавата пејачка и актерка беше главна на отворањето на Канскиот фестивал.