Славни музичари читаат злобни твитови

Сегментот „Славни личности читаат злобни твитови“ во шоуто Jimmy Kimmel Live! Е една од најзабавните ТВ-содржини во изминативе години.

Во шоуто на Џими Кимел овојпат гостуваа славни музичари, како Алис Купер и Џон Мејер, кои на глас, без измени ги читаат злобните твитови што некој ги напишал за нив.

Некои се смешни, а некои едноставно злобни. Заклучокот е - не бидете хејтери.