Славни личности кои претерале со поклонување пред кралицата

По вчерашниот дебакл на британската премиерка Тереза Меј која „се прекрши“ поздравувајќи се со принцот Вилијам, интернетот не можеше да најде доволно шеги на нејзина сметка.

Средбата со член на британското кралско семејство е привилегија и начинот на кој се поздравува со некој од нив е посебен момент. Нема правило за поздравувањето со кралицата Елизабета Втора, но традиционалниот протокол подразбира жените да се поклонат со благо потклекнување, а мажите да климнат со глава во знак на почит.

Ова поклонување некои славни личности го имаат однесено на едно сосема ново ниво и секако, веднаш станале мета на шеги. Во време кога интернетот владее, штом еднаш излезе таа фотка во јавност, нема враќање назад.

Да се потсетиме на најсмешните моменти.