„Скопје за Боуви“ - Види музика, слушни слика, добиј книга

Овогодинешната манифестација „Види музика, слушни слика, добиј книга“ што ќе се одржи во Градскиот парк на 23 јуни, ќе биде во знакот на легендарниот Дејвид Боуви.

„Годинава манифестацијата Види музика, слушни слика, добиј книга, којашто се одржува веќе девет години, ја посветуваме на британската музичка легенда Дејвид Боуви, односно Македонска филхармонија ќе изведува дел од многубројните негови хитови. Исто така, публиката ќе може да ужива во творењето на афирмираните ликовни уметници Ивана Младеновска и Агрон Абдули и секако ќе можат да си заминат дома со книгата на Мери Финиган „Психоделија во предградието- Дејвид Боуви и уметничката лабораторија во Бекенам“, истакна директорот на МКЦ, Златко Стевковски.

Директорот на Македонската филхармонија, Маја Чанаќевиќ со задоволство го најави нивното учество во реализацијата на оваа манифестација којашто годинава е посветена на мегаѕвездата Боуви.

Емин Џијан рече дека направиле хронолошка селекција на хитовите на Боуви и најави изведба на 15 хитови. Во изведба на композициите, кои овој пат ќе добијат поинаков и автентичен израз, освен  Македонската филхармонија ќе учествува и бенд, како и Женскиот хор при МКЦ.

На настанот на многубројната публика ќе им бидат поделени и 20 илјади примероци од книгата „Психоделија во предградието - Дејвид Боуви и уметничката лабораторија во Бекенам“ на Мери Финиган. Книгата зборува за самите почетоци на кариерата на Боуви, кога како 22-годишен музичар очајно се обидува да најде некој клуб во Лондон, каде што ќе може да свири. Мери Финиган пишува во прво лице, како тогашна негова пријателка и љубовница и ни дава директни сведоштва за периодот на Боуви за кој досега сме знаеле многу малку. 

реклама

МК сцена

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Read more

Почина Мирко Попов

Read more

Почина Атина Апостолова, доајен на македонската народна музика

Read more

ДНК собраа 690.000 денари за лекувањето на Лео со лицитацијата на статуетката од „Златна бубамара“

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе