Скопје смог аларм: Колку милиони евра треба се одвојат за заштита на животната средина?

„Во врска со предлог-буџетот за 2018 година, бараме Владата на РМ итно да оформи посебен Фонд за заштита на животната средина и да одвои околу 1% од проектираниот БДП за 2018 година", бараат од заедницата на еко-активисти „Скопје Смог Аларм“.

Тие потенцираат дека според Еуростат, во 2015 година Словенија одвоила 389 милиони евра, додека Бугарија одвоила 358 милиони евра за заштита на животната средина, т.е. вкупните расходи за заштита на животната средина на владите во ЕУ-28 земјите изнесувале просечни 0,8% од БДП.

„Заради катастрофалната еколошка состојба во Македонија сметаме дека Владата треба да одвои околу 1% од БДП во посебен Фонд за заштита на животната средина. Го повикуваме Министерството за животна средина итно да изготви акциски план и соодветни проекти за бараните средства“, велат од здружението.

Како илустрација за лошо приоретизирање на јавните политики, од „Скопје смок аларм“ издвојуват дека во изминативе 10 години се потрошени скоро 700 милиони евра за проектот „Скопје 2014“ според Призма – Бирн, додека годишниот буџет на Министерството за животна средина и просторно планирање варира помеѓу пет и десет милиони евра.

„Потсетуваме дека според Светската Банка (2015), како последица на аерозагадувањето македонската економија трпи годишни загуби од 253 милиони евра или 3,2% од БДП, што значи дека реалниот раст на економијата изминативе години е 0%. Овој тренд мора да запре“, апелираат од здружението.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Македонија

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Read more
 

Вести

  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Читај повеќе