Вчера во 14:40 часот бил пријавен случај на обид за семејно насилство во Скопје.
М.Џ.(52) од Скопје вчера во пријавила дека во дворот од нејзината куќа на улица „Рељо Шесто Крило“, по претходна расправија, нејзиниот син И.Р.(30) од Скопје, се обидел да ја удри со секира.
Тој бил спречен од соседот М.Ф..
По ова, лицето било приведено во Полициската станица Чаир и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.