Скопјанец се обидел да изнуди 150.000 евра со уцена

Скопје, 12 декември 2018 (МИА) – Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за насилен криминал до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Т.П.(32) од Скопјe поради основи на сомневање дека извршил кривично дело „изнуда“, предвидено и казниво по член 258 во врска со член 19 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Пријавениот T.П. претходно работел како личен возач на сопругот на оштетената, a во текот на минатиот месец и се јавил преку телефон и посочил дека поседува документи што се од интерес на сопругот, кои доколку истата сака да ги добие ќе треба да исплати сума од 150.000 евра. Притоа, Т.П. упатил сериозни закани по животот на оштетената и нејзиното семејство доколку каже некому.

По добивање на пријавата, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје се преземни мерки и активности за расчистување на случајот. Врз основа на добиената наредба од Основен суд Скопје 1 – Скопје, извршени се претреси на две локации во Скопје каде што пријавениот престојувал.

Во текот на вчерашниот ден лицето е приведено во полициска станица.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Хроника

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Read more

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Read more
 

Вести

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе

Македонија денеска избира претседател: 5 имиња се на гласачкото ливче

Читај повеќе

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе