Сколари откри како во 2002 го опоравувале Роналдо и станаа светски шампиони

Бразил на Мундијалот во 2002 година по петти пат стана светски шампион, а само два месеца пред Мундијалот работите велеа дека нема да му играат двајцата најдобри играчи.

Луис Назарио де Лима Роналдо тогаш беше дел од Интер и скоро цела сезона ја пропушти поради повреди. Ѕвездата на Барселона, Ривалдо, го повреди коленото и требаше да оди на операција. Малку фалеше Бразил да отпатува во Јужна Кореја и Јапонија без своите двајца најдобри играчи.

Тогашниот селектор Луис Антонио Сколари, ги открива главните виновници што Роналд и Ривалдо не само што играа на Мундијалот, туку жареа и палеа.

„Нашите доктори беа фундаментални. Нашиот систем за логистика беше екстремно добро организиран. Луѓето си мислат 'Бразил има квалитет'. Тие немаат претстава дејка поддршката е важна, но е. Тие мислат 'Бразилските играчи немаат потреба од грижа бидејќи се технички надарени'. Не. Нив им е потребна грижа“, почнува Сколари едно опширно интервју за Yellow and Green Football.

„Да не заборавиме дека Роналдо не играше во Италија. Клупските лекари рекоа дека е скоро невозможно да игра на Мундијалот. Но, нашиот доктор, д-р Рунку, гарантираше дека Роналдо ќе биде подготвен. За време на ручеците и вечерите, специјалистот за физичка подготвеност, Паулу Пајшау, седнуваше до Роналдо. Ќе му речеше 'Не, не смееш да го јадеш тоа, не смееш да го јадеш ова. Не, не' и тоа траеше месец-два“.

„Ривалдо требаше да го оперира коленото во Барселона, но нашиот доктор рече 'Не! Јас ќе му помогнам да се опорави и тоа само со физиотерапија'“.

Покрај овие двајца, клучен дел беше и необичната тактика на Сколари со тројца централни бекови, тактика која Бразил ретко ја практикувал.

„Бразил само еднаш имаше играно со тројца централни бекови, со Лазарони на Мундијалот 1990. Јас ја смислив тактиката со цел Кафу и Роберто Карлос да имаат слобода да го прават она во кое беа најдобри. Тоа беше изненадување за останатите екипи. Тука беа Роке Жуниор, Едмилсон и Лусио, но еден од нив секогаш одеше напред. Или Лусио или Едмилсон. Роке Жуниор беше оној што ја командуваше одбраната. Тој беше лидер и на останатите им даваше слобода“, вели селекторот.

Бразил стана светски шампион победувајќи ги сите 7 натпревари на првенството вклучувајќи го и финалето со 2:0 над Германија во кое Роналдо ги постигна двата гола. Воедно, Роналдo беше и најдобар стрелец со 7 голови.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе