Скокнаа цените на нафтата

Цените на нафтата на меѓународните пазари пораснаа над 87 долари под влијание на индициите за посилна побарувачка и намалена понуда од водечките производители.

На лондонскиот пазар цената на барелот за испорака во мај беше за 33 центи повисока отколку на затворањето на тргувањето завчера и изнесуваше 87,22 долари. Завчера на затворање беше во плус од 1,55 долари.

На американскиот пазар цената на барелот за испорака во мај вчера порасна за 31 цент, на 82,47 долари. За истиот износ, цената на фјучерс договорите за испорака во април, кои истекуваат денес, порасна на 83,03 долари. Завчера на затворање беше со добивка од 1,68 долари.

На почетокот на неделата цените беа поттикнати од намалениот извоз од Ирак и Саудиска Арабија и индикации за посилна побарувачка и економски раст во Кина.

Производството на кинеската рафинерија се зголеми за 3 отсто во јануари и февруари во однос на истиот период минатата година за да се задоволи зголемената побарувачка за гориво за време на лунарниот новогодишен празник. Зголемени се и индустриското производство и прометот во малопродажбата, што бележи солиден почеток на годината.

„Податоците за побарувачката на нафта пријатно изненадија, а цените беа поддржани и од продолжувањето на доброволното намалување на понудата од ОПЕК + до крајот на јуни“, рече Џовани Стауново од UBS.

Позначајниот раст на цените го забави повисокиот руски извоз

Позначајното зголемување на цените, од друга страна, го запре поголемиот руски извоз по нападот на украинските беспилотни летала врз нафтената инфраструктура.

„Нападите веројатно ќе ја намалат преработката на руската сурова нафта до 300.000 барели дневно, покрај редовните затворања на (рафинеријата) заради одржување“, напишаа во белешката аналитичарите на JP Morgan. „Помалку рафинирање ќе значи поголем извоз на сурова нафта“, додаваат тие.

Во март Русија ќе го зголеми извозот на нафта преку нејзините западни пристаништа за речиси 200.000 барели дневно, што ќе следи по месечниот извозен план од 2,15 милиони барели дневно.

Трговците се воздржани и поради седницата на американската централна банка и можните сигнали за каматните стапки, шпекулираат аналитичарите.

„Пазарот може да се консолидира во очекување на сигнал за намалување на каматните стапки од овонеделниот состанок на ФЕД“, изјави Сувро Саркар од банката DBS.

ОПЕК во посебен извештај објави дека во понеделникот барел нафтена кошница на нејзините членки поскапе за 93 центи на 85,71 долари.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Бизнис

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more

Остар пад на доларот

Read more
 

Вести

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе