Чек дис аут

Сите германски хотели се затворени, освен еден

25. март 2020 - 13:36 | МИА

Сите германски хотели се затворени поради пандемија со коронавирусо, освен еден. Тајландскиот крал Маха Ваџиралонкорн и неговата придружба, неколку жени и слуги добија специјална дозвола да се засолнат во хотелот Гранд Зоненбихл, којшто се наоѓа на падините на Алпите во Јужна Германија.

Властите во Гармиш-Партенкирхен потврдија дека хотелот добил посебно одобрение за сместување истакнати гости.

– Тие се единствена хомогена група луѓе кои не се движат никаде, истакна официјален претставник на градските власти.

Тајландскиот крал (67) ја сака Баварија и честопати ја посетува. Меѓу другото, тој поседува и вила на езерото Штарнберг. Последниот пат, не ја напуштил земјата поради ширењето на коронавирусот и останал заглавен во Германија.

Поради ова, тој е критикуван на интернет од своите сонародници Тајланѓани кои живеат во странство, но не и од оние во татковината. Во Тајланд, навредите кон кралот се незаконски и казниви со закон.