Здравје

Синдром на хроничен умор – необјаснива појава при која не помага ни одмор

25. февруари 2020 - 13:46 | М.С.

Како да дознаете дали ве мачи оваа болест и како да си помогнете?

Синдромот на хроничниот умор е медицинска состојба која не може лесно да се дијагностицира. Оваа состојба може да се влоши и со физичка и психичка активност и не се подобрува ниту со одмор, а многумина и не знаат дека боледуваат од овој синдром, пишува Fox News.

Прво што треба да знаете дека хроничниот умор и синдромот на хроничен умор се слични, но сепак различни проблеми.

Она што им е заедничко е тоа што симптомите траат повеќе од неколку месеци; сонот не се подобрува и ситуацијата се влошува со физичката активност. Синдромот на хроничен умор трае подолго од хроничниот умор и подразбира постојана слабост во мускулите.

Истражувачите долго време се обидуваа да најдат точна причина зошто се појавува синдромот на хроничен умор, а неколку студии најдоа слични врски помеѓу пациентите.

Се испостави дека здравјето на абдоменот игра значајна улога за овој проблем и дека на многу луѓе на кои им е дијагостицирана оваа состојба имаат гастроинтестинални проблеми. Освен тоа, и проблемот со тироидната жлезда е честа причина за појава на хроничен умор.

Ова состојба може да настане и како последица на неколку здравствени проблеми како што се вирусни инфекции, ослабнат имунолошки систем и проблеми со надбубрежната жлезда.

Дијагностицирање и лечење

Не постои еден тест со кој може да се утврди дали некој страда од хроничен умор и дали има синдром на хроничен умор, но лекарите можат да спроведат серија од тестови за да го востановат тоа, а во дијагностицирањето помагаат и медицинската историја и анализа на крвта.

Од оваа состојба можат да заболат луѓе на сите возрасти, па дури и децата, а особено оние коишто имаат намален имунолошки систем или оние коишто пијат премногу антибиотици.

Доколку сте премногу уморни и без разлика на тоа дали спиете добро и доколку не сте под стрес, треба да побарате помош, особено кога забележувате дека се дебелеете, доколку сте анксиозни, депресивни или со гастроинтестинални проблеми.

Кога ќе се дијагностицира синдромот на хроничен умор, на пациентите им се припишува ригирозна исхрана до која треба да се придржуваат, а остатокот од терапијата се разликува од човек до човек.