„Си играме со рапот“: Нова песна и спот на Чиста Околина

Култната македонска рап-групација, Чиста Околина, објави нова песна и видео спот за истата, насловена „Си играме со рапот“, која се надеваме ќе биде дел од долгоочекуваниот нов албум на бендот. Песната го има карактеристичниот олд скул и брутален стил на бендот, донесен со нов и почист звук. Македонскиот хип-хоп состав од 90-тите, новата песна ја објавува 20 години по излегување на нивниот прв и единствен албум „Новиот Аспект на Старата Школа“.