Шумски пожар на непристапен терен над Теарце во Националниот парк Шар Планина

На непристапен терен над селото Теарце активен е шумски пожар. Од Центарот за управување со кризи информираат дека до местото на шумскиот пожар треба да се пешачи околу два часа бидејќи местото каде што сѐ уште гори е многу високо. Известена е и Дирекцијата за заштита и спасување.

– Регионалниот ЦУК Тетово, во врска со вчерашниот шумски пожар над селото Теарце во Националниот парк „Шар Планина“, Тетовско, информира дека е стапено во контакт со пријавителот, ренџерот кој е вработен во Националниот парк „Шар Планина“, при што истиот известил дека утрово екипа од Националнит парк се собирала во село Теарце, Општината Теарце, за да се упати кон местото на пожарот. Регионалниот ЦУК Тетово стапил во контакт и со директорот на Националниот парк и тој потврдил дека пожарот е сѐ уште активен и дека се гледа од Теарце и Тетово, поточно дека сѐ уште согорува и чади, стои во соопштението од ЦУК.

Оттаму велат дека за развојот на настаните се известени и силите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Од ЦУК информираат дека ситуацијата се следи од синоќа кога на единствениот телефонски број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена информација за шумски пожар во месноста Камник над село Теарце.

– Во моментот на вчерашниот увид е констатирано дека била опожарена површина од околу 5-6 хектари од што дел била букова шума, а дел биле пасишта и папрат. На опожарената површина пред 4-5 години имало пожар и како последица на него има голем број паднати дрвја што сега гореле, велат оттаму.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе