Штраусовиот „Радецки Марш“ ги „пали“ австриските навивачи

Прекрасната атмосфера на „Ернст Хапел“ стадионот во Виена пред почетокот на натпреварот помеѓу Австрија и Македонија ја направи познатата мелодија „Радецки Марш“ на Јохан Штраус.

Маршот не само што ја понесе домашната публиката, туку и на австриските фудбалери им даде дополнителна доза на мотивација. „Радецки Марш“ за Австријците е како неофицијална химна, композиција со која и тоа како се гордеат.