Што треба да знаете пред да го гледате „Rambo: Last Blood“

Поминаа 37 години од премиерата на „First Blood“ кога прв пат се запознавме со ликот на Џон Рамбо, кој стана легенда за многу генерации вљубеници во акционите филмови.

Силвестер Сталоне повторно ќе биде Рамбо во новиот филм Rambo: Last Blood каде ќе се бори против мексикански нарко-картел.

Легендарниот Рамбо се враќа на големите екрани на крајот од месецов, а пред да го гледате, потсетете се што се случуваше досега.